АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД ПЕРИНСКИ, БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА МИЦКОСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ, СЕ СОМНЕВА ДЕКА ГО МЕСТЕЛ ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА

    АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД ПЕРИНСКИ, БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА МИЦКОСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ, СЕ СОМНЕВА ДЕКА ГО МЕСТЕЛ ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦАПерински и Арсовска на отварањето на понудите во март годинава - Фото: СДК.МК

    Градоначалничката  на Скопје Данела Аросвска го разреши директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Златко Перински, соопшти нејзиниот кабинет.

    Перински е разрешен поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер за пречистителната станица во Скопје.

    “Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 годин”, се вели во соопштението од Град Скопје.

    Перински е кадар на ВМРО-ДПМНЕ и до назначувањето на директор беше шеф на кабинетот на Христијан Мицкоски. Во времето на Никола Груевски беше директор на салата Борис Трајковски.

    Тендерот за изградба на пречистителна станица за отпадни води беше распишан за време на мандатот на градоначалникот Петре Шилегов. Тендерот беше отворен во март годинава и како што кажа тогаш директорот Перински стигнале две понуди кои требаше да се разгледуваат и оценуваат во наредните 6 месеци.

    Средствата во висина од 136,73 милиони евра за изградба на овој капитален проект се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира