АРСОВСКА И ВЛАДАТА ОДДАДОА ПОЧИТ НА БОРЦИТЕ КОИ ГО ОСЛОБОДИЈА СКОПЈЕ ОД ФАШИЗМОТ

    АРСОВСКА И ВЛАДАТА ОДДАДОА ПОЧИТ НА БОРЦИТЕ КОИ ГО ОСЛОБОДИЈА СКОПЈЕ ОД ФАШИЗМОТ78-годишнината од ослободувањето на Скопје одбележана пред споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред Владата. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска и владина делегација денеска ја одбележаа 78-годишнината од ослободувањето на Скопје, и оддадоа почит пред споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред Владата, како и на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски. Во владината делегација беа министерите за правда Никола Тупанчески, за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.

    На 13 ноември пред 78 години борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

    Денеска, градоначалничката на град Скопје Арсовска имаше и традиционална средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, изразувајќи им благодарност „за храброста, силата и упорноста во борбата за слобода за Скопје и Македонија, за сите нас и идните генерации“.

    „Почитта кон нашите народни херои и пожртвувани борци, нивниот непокор не потсетува колку е важно да ја почитуваме и паметиме жртвата која борците ја дале за денес да живееме во слободно Скопје“, велат од Град Скопје.

    „13 Ноември е денот кога се сеќаваме на херојството на борците кои се бореа за ослободување на Скопје. Нивните дела треба да бидат пример за нашите но и следните генерации кои доаѓаат. Да продолжиме да чекориме по патот на солидарноста и прогресот, а од Скопје да направиме модерна метропола“, велат од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира