АВТОБУСКИТЕ ЛИНИИ 50 И 57 ПАК ЌЕ СТОЈАТ ВО ГТЦ, А ПОКРИВОТ ЌЕ СТАНЕ ГРАДИНА, НАЈАВУВА ДИРЕКТОРОТ ТРАЈЧЕВСКИ

    АВТОБУСКИТЕ ЛИНИИ 50 И 57 ПАК ЌЕ СТОЈАТ ВО ГТЦ, А ПОКРИВОТ ЌЕ СТАНЕ ГРАДИНА, НАЈАВУВА ДИРЕКТОРОТ ТРАЈЧЕВСКИВо моментов во ГТЦ се менува мермерот, се попрваат ескалаторите и се бојадисуваат столбовите и внатрешната фасада.(Фото: М. Златевска)

    Автобуските линии 50 и 57 повторно ќе стојат во Градскиот трговски центар.

    Град Скопје заедно со новото раководство на ГТЦ ќе ја враќаат автобуската станица во трговскиот оти дуќанџиите се жалеле дека немаат работата откако постојката е преместена спроти поранешна Градска болница. Автобуските линии 50 и 57 добија нова станица откако беа набавени двокатните кинески автобуси бидејќи не ги собираше да влезат во подрумот на ГТЦ.

    „Ова е само една од мерките кои ќе ги преземе за да го вратиме стариот дух на трговскиот и повторно да го заживееме. Дуќаните долу немаат работа, ќе се постават рампи и нема да може да се паркираат возила туку само ќе биде дозволен влез за автобусите. Во изминативе четири месеци ги ставивме во функција лифтовите кои беа технички неисправни. Во моментов се менува мермерот низ трговскиот, се попрaваат ескалаторите и се бојадисуваат столбовите и внатрешната фасада. Ќе ја вратиме сината боја како што беше во минатото“, вели Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ.

    Догодина планирано е комплетно реновирање на тоалетите и хантердагласот кој се распаѓа, како и осветлување на фасадата. Заедно со Град Скопје ќе се прави проект за покривот на трговскиот кој треба да биде градина.

    „До 2020 година ГТЦ ќе биде модерен трговски центар. Во изминатиов период работиме и на отворање на дуќаните кои изминатите години еден по еден се затвораа. Досега се отворени 4 дуќани кои се во сопственост на ГТЦ и 3 кои имаат приватни сопственици“, додава Трајчевски.

    Од Град Скопје велат дека се планира повторно се врати во функција автобуската станица во ГТЦ, но не објаснуваат кои автобуси ќе се движат на овие линии. Од таму додаваат дека според програмата за наредната година се планира да се изработи проект и идејно решение со кое покривот на трговскиот ќе стане градина како една од мерките за зазеленување на градот и заживување на ГТЦ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира