Советникот Мето Витанов си даде оставка во ВМРО-НП и вели дека останува во коалицијата на СДСМ во Советот на општина Струмица, еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека тој ќе коалицира со нив и на тој начин обезбедиле мнозинство во Советот.
Витанов вели дека бил изманипулиран од централното раководство на партијата на Љубчо Георгиевски за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ од каде следел инструкциите за дејствување на локално ниво
„Јас како советник од ВМРО-НП, кој до вчера коалицираше со СДСМ сум грубо изманипулиран од централното раководство на ВМРО-НП, почитувајќи ја нивната одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица. Поради несериозноста на централното раководство на ВМРО-НП си давам оставка од партијата и понатамошниот мандат во Советот на општина Струмица ќе го водам како независен советник поддржувајќи ја советничката група на коалицијата на СДСМ“, изјави Мето Витанов.
Вчера, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Мето Витанов од ВМРО-НП коалицирал со нив и го добиле мнозинството во Советот при што побараа итна седница за смена на претседател и избор на в.д. градоначалник. Сега, силите во Советот повторно ќе се 12:11 за СДСМ, бидејки Витанов најави дека ке ги подржува социјалдемократите.