БЕЗ ОДЛУКА НА СОВЕТОТ, ВЕЛЕШКИТЕ ТАКСИСТИ ЈА ПОСКАПЕА ЦЕНАТА ЗА 10 ДЕНАРИ

    БЕЗ ОДЛУКА НА СОВЕТОТ, ВЕЛЕШКИТЕ ТАКСИСТИ ЈА ПОСКАПЕА ЦЕНАТА ЗА 10 ДЕНАРИНаместо 40 денари старт, новата цена е 50 денари, додека километар останува 20 денари. (Фото: СДК.МК)

    Такси компаниите од Велес од почетокот на месецот возат по повисока цена. Наместо 40 денари старт, новата цена е 50 денари, додека километар останува 20 денари.  За оваа нивна одлука, патниците беа информирани преку Фејсбук.  Но, иако обврска е  новата цена да биде одобрена од Советот на Општина Велес, тоа овој пат не е случај.

    „Советот на Општина Велес нема донесено одлука за повисока цена на такси услугите.  Затоа надлежната инспекција е на терен. Барањето на таксистите  ќе се најде на следната седница, откако еднаш претходно го повлекоа предлог за поскапување на такси превозот“, велат од Општина Велес.

    Досега, до мотелите на езеро Младост цената беше 150 денари, сега е 200, колку што е со дивите таксисти до Скопје.

    „Сите покачуваат, па и таксистите. Но ќе треба да внимаваат и на условите во автомобилите“, велат велешани.

    Претставникот на легалните таксисти, Тони Јосифов, не одговори зошто возат со повисока цена, без одлука на Советот, од истата институција, од која бараат да ги заштити од нелегалните возачи.

    „Нас ни е одобрени 25 денари за километар а возиме за 20 денари. Одете видете каков метеж е во три попладне, кога ги земаме децата од училиштето Блаже Конески“, беше одговорот на Јосифов.

    Цената на градскиот превоз и натаму е 25 денари.

    П. ПЕЧКОВ

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари