БИТОЛЧАНЕЦ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА И СЕ САМОУБИЛ

    БИТОЛЧАНЕЦ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА И СЕ САМОУБИЛПо наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. - Згради на улицата Климент Охридски во Битола (Фото: СДК.МК)

    Денес околу 14.15 часот од страна на Итната медицинска помош во СВР-Битола пријавено било дека на улица Климент Охридски С. Ѓ. (1957) по претходна меѓусебна расправија извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. (1962) пукајќи со пиштол ЦЗ 7,62 по што извршил самоубиство, соопштија од Битолската полиција.

    Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител изврши увид во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на мажот и жената.

    „Издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

    По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира