БИТОЛЧАНЕЦ ПРОТЕСТИРА САМ ЗА ДА ГИ НАТЕРА СОГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ОБЕДИНАТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО

    БИТОЛЧАНЕЦ ПРОТЕСТИРА САМ ЗА ДА ГИ НАТЕРА СОГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ОБЕДИНАТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТОГоран Ропи трета сабота по ред излегува пред споменикот на народниот херој Стив Наумов во Битола да протестира поради загадениот воздух (Фото: СДК.МК)

    Ова е трета сабота со ред како битолчанецот Горан Ропи излегува пред споменикот на народниот херој Стив Наумов во Битола да протестира поради загадениот воздух. Попладнево му се придружија уште десетимина битолчани. Ропи вели дека одлучил сам да излегува на протест сакајќи да го искажи револтот поради поделеноста на битолчани околу овој сериозен проблем.

    „Почнав сам да излегувам, протестирам за поделбата на граѓаните околу прашањето за опасниот нечист воздух. Не се работи за ПМ 10 или 2,5 честички туку се работи за опасност од радиоактивни честички. Најмногу во сето ова ми сметаше разделеноста на граѓаните околу ова прашање. Сакам барем една минута да ги натерам да размислуваат кога разговараат меѓусебно и полемизираат околу ова прашање да се обидат тоа да го направат со меѓусебно служување околу заедничкиот проблем, а не со други погледи кон моменталната политичко-општествена и социјална ситуација“, вели Ропи.

    Попладнево на Ропи му се придружија уште десетмина битолчани (Фото: СДК.МК)

    Последните денови во континуитет воздухот во Битола беше екстремно загаден посебно од попладневните часови, па до доцна во ноќта. Часовното присуство на ПМ 10 честичките достигнуваше и до 400 микрограми на метар кубен, а дневните концентрации и до три пати над дозволеното.

    Воедно, истражувањата во изминатиот период покажаа дека еден од главните проблеми е прашината што се шири од депонијата со пепел во РЕК „Битола“. Деновиве од ЕЛЕМ соопштија дека почна процесот за стандардизација на касетно отпепелување во РЕК „Битола“, а куповите од нестандардизирано одложената пепел се затрупуваат со земја и се врши континуирано пошумување на овие површини.

    Исто така, од Комбинатот  посочија  дека во тек е постпака за тендер за хидрозаштита на процесот на одлагање на пепелта, а набавката на нови еколошки транспортни возила  е во тек, со што истите ќе бидат дел од возниот парк на РЕК Битола до крајот на првиот квартал од следната година.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира