БИТОЛЧАНЕЦ СЕ ИЗЛЕКУВА ОД КОРОНАВИРУС, НО ПОЧИНА ОТКАКО МУ ОТКАЖАА БУБРЕЗИТЕ И СРЦЕТО

    БИТОЛЧАНЕЦ СЕ ИЗЛЕКУВА ОД КОРОНАВИРУС, НО ПОЧИНА ОТКАКО МУ ОТКАЖАА БУБРЕЗИТЕ И СРЦЕТОДосега, во официјалните статистики починат од КОВИД-19 се води само еден битолчанец,четворица се болни и 14 оздравени, а седуммина од оздравените се здравствени работници. (Фото: И. Кочов)

    47-годишен битолчанец кој на Клиничката болница во Битола успеа да се излекува од КОВИД-19, вчера почина во болницата откако му откажаа бубрезите и срцето. Станува збор за пациентот кој со психијатриска дијагноза пред дваесет дена беше хоспитализиран во Битолската болница, а откако се покажа позитивен на КОВИД-19 беше префрлен на Инфективното одделение.

    Од Министеротвото за здравство соопштија дека на пациентот двата последни земени бриса од 25 и 27 април му биле негативни, па по проценка на инфектологот тој бил излекуван од КОВИД-19. Бил однесен на дополнителни испитувања, му се направил КТ преглед на глава и плумолошки, како и невролошки преглед. Бил свесен, контактибилен, но се жалел на укоченост, болки во нозете и неможност да се движи. Бидејќи била забележана крв во урината, бил повикан уролог и била направена промена на катетерот и промивка.

    Бил упатен на Психијатриското одделение за конзилијарен преглед. Одеднаш станал неконтактибилен, со тешко дишење и други компликации, па бил пренесен на КАРИЛ во изолирана соба. Според Министерството за здравство биле направени лабораториски испитувања кои укажале на акутна бубрежна инсуфициенција и кардиак арест. Спроведената реанимација по протокол кај пациентот била неуспешна и починал.

    „Консултирани се епидемиолози и нивен став е дека пациентот е со два негативни теста за КОВИД-19 и е излекуван, а смртта настапи поради влошување на општата здравствена состојба“, стои во соопштението Министерството за здравство.

    Досега, во официјалните статистики починат од КОВИД-19 се води само еден битолчанец. Четворица се болни и 14 оздравени. Седуммина од оздравените битолчани се здравствени работници.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира