БИТОЛЧАНЕЦ СИ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА СО СУКАЛО, А ВО ПОЛИЦИЈА ПРИЈАВИЛ ДЕКА ЈА НАШОЛ МРТВА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНЕЦ СИ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА СО СУКАЛО, А ВО ПОЛИЦИЈА ПРИЈАВИЛ ДЕКА ЈА НАШОЛ МРТВА

    Битолчанецот И. Д. вчера со сукало ја претепал до смрт сопругата, мајка на нивното четиригодишно девојче. По убиството, тој отишол во СВР Битола и пријавил дека околу 09.50 часот ја пронашол неговата сопруга Е. Д. (47) од Битола падната на подот во дневната соба. Излажал дека бил во визбата и кога се вратил ја нашол падната во локва крв.

    Кога полицијата и јавниот обвинител отишле на увид во семејниот дом, глетката била страшна. Жртвата била буквално со здробена глава, крв во дневната соба имало насекаде. Но, траги од упад на лица со материјален, или каков било друг мотив за вршење кривично дело, немало. Предметите не биле растурени, тука биле лаптоп компјутерите, мобилните телефони и останатите вредни предмети.

    „Екипата на крим-техника не констатира траги од насилно влегување во станот. Предмети и траги, како и комплетната облека на пријавениот, биле земени и испратени на вештачење во МВР. На облеката на пријавениот биле забележани траги слични на крв (особено во долниот дел на облеката), кои упатуваат и оставаат сомнеж дека пријавениот се јавувава како можен извршител на делото“, соопшти МВР.

    Битолската полиција поради ова поднела кривична пријава токму против сопругот на убиената жена, 53-годишниот И. Д., поради постоење на сомнение за кривично дело убиство.

    „Пријавениот делото го направил на крајно свиреп начин и тоа со повеќе удари со тап тврд предмет, најверојатно сукало, кое го имал дома. На жртвата ѝ нанел смртоносни повреди во пределот на главата“, опишува полицијата.

    Според обвинителството, причина за свирепото убиство била семејна расправија. Неофицијално, И. Д. бил во големи долгови. Убиството на сопругата го извршил во моментот кога извршител му го продал станот, кој бил заеднички. Се претпоставува дека расправијата била околу продажбата на станот.

    На осомничениот бракот со жртвата му бил трет. Тој имал и поголем син од еден од претходните бракови. Четиригодишното девојче за време на претепувањето било во станот, но наводно спиело и не ја видело страшната глетка.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира