БИТОЛЧАНЕЦ УДРИЛ СО КОЛА ВО ЅИД И ПЕТ ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА, ПА ПОМИНАЛ СО ЛЕСНИ ПОВРЕДИ

    БИТОЛЧАНЕЦ УДРИЛ СО КОЛА ВО ЅИД И ПЕТ ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА, ПА ПОМИНАЛ СО ЛЕСНИ ПОВРЕДИНесреќата се случи пред автосалон во Битола (Фото: МВР архива)

    Битолчанец со „БМВ“ со битолски регистарски таблички вчера удрил и оштетил пет патнички возила паркирани пред автосалон во Битола. Покрај возилата, тој со автомобилот удрил и во бетонски ѕид. Заедно со него, во визолото биле уште двајца патници. Од сообраќајката возачот се здобил со лесни телесни повреди.

    Од СВР Битола го потврдија случајот. Сообраќајната полиција направила увид на местото на настанот и против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира