БИТОЛСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ПРЕДЛАГА БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО, ОПШТИНАТА ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА

    БИТОЛСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ПРЕДЛАГА БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО, ОПШТИНАТА ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРААко превозниците ја прифатат ицијативата, Петровска веднаш ќе побара од Советот на Општина Битола да донесе одлука за предложената мерка. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска достави иницијатива до превозниците да вршат бесплатен општински линиски превоз во критичните денови со високи нивоа на загаденост на воздухот над максимално дозволените. Ако превозниците прифатат да не наплаќаат возни билети од патниците на градските линии, Општина Битола ќе го субвенционира нивниот дневен промет во тие денови, во висина на просечниот дневен промет остварен од продажба на возни билети на тие линии во последните 30 дена.

    Ако превозниците ја прифатат ицијативата, Петровска веднаш ќе побара од Советот на Општина Битола да донесе одлука за предложената мерка.

    Ова е една од мерките кои што ги презема Општина Битола, за да се обезбеди поголема заштита на здравјето на граѓаните, во периоди на високо ниво на загаденост на воздухот во општината.

    Исто така, од Општината одобрени се 190 апликации за субвенционирање на клима инвертери од пристигнатите 290 апликации, а одбиени се 26. Вкупната сума на обезбедените средства се 2,5 милиони денари од страна на Општината. Целта е стимулација на граѓаните за користење на обновливи извори на енергија и намалување на загадувањето.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира