Битолските планинари Влатко Крбалески, Менде и Елена Давиткивски, Иванчо Тошевски, Петар Нолев, Игор Радичовски и Зоран Зрла Бауловски првото кафе во новата година го испија на врвот на Пелистер, Антена. Ова е седми пат како на овој начин ја почнуваат годината.
„Во Новата година, и покрај временските услови, успеавме да стигнеме на самиот врв и се надеваме дека и догодина ќе ја продолжиме традицијата“, велат планинарите.
Сите се членови на ПСК „Пелистер“.
Ж. ЗДРАВКОВСКА