БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЈА ДОБИ ПРВАТА КУПОЛА ЗА ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ

    БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЈА ДОБИ ПРВАТА КУПОЛА ЗА ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТДенеска Сенатот на Универзитетот основа Центар за виртуелно инженерство кој ќе биде отворен за сите факултети, наставници и студенти.

    Студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола добија специјализирана купола за виртуелна реалност, прва од ваков вид набавена во високообразована институција во Македонија. Куполата за виртурлна реалност е сместена во Центарот за вирутуелно инженерство во лабораторијата на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола. Куполата заедно со другата опрема што се состои од дронови, сензори, компујтери, софтвери чини над 100.000 евра, а набавена е со европски пари.

    „Студентите ќе можат да креираат содржини со кои другите што ќе бидат обучувани ќе може да потонат во виртуелната реалност на инверзивен односно семиинверзивен начин, тоа значи да се чувствуваат како да се реално на местото што се прикажува во куполата. За да се потоне во виртуелната реалност кога се користи куполата не се потребни ВР очила“, изјави деканот на ФИКТ Благој Ристевски.

    Куполата ќе овозможи популаризација на техничките, инженерските, компјутерските науки, а наоѓа применаи во сите области од образованието, обуки, за забава, научни истражувања што се поклопува со принципите за отворана наука за која се залага Факултетот за информатички и комуникациски технолгии од Битола. Преку оваа софистицирана опрема студентите чувствувајќи дека се во околина блиска до реалната ќе мора да изведуваат различни истражувања, научни и едукативни.

    „Денес Сенатот на Универзитетот основа Центар за виртуелно инженерство кој ќе биде отворен за сите заинтересирани. Опремата е на ФИКТ, но ќе можат да ја користат и сите други факултети, наставници и студенти. Местово да стане хаб каде и настваниците од средните училишта ќе може да ги носат своите ученици за теми од вирутуелната реалност, компаниите да ја користат за свои проекти и презентации, а студентите од овој регион ќе доаѓаат и ќе изведуваат практична наства или проекти“, рече деканот Игор Неделковски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира