БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ГЛАСАА ЗА ЗАВРШНИТЕ СМЕТКИ НА УЧИЛИШТАТА ПО ПАРТИСКА ЛИНИЈА

    БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ГЛАСАА ЗА ЗАВРШНИТЕ СМЕТКИ НА УЧИЛИШТАТА ПО ПАРТИСКА ЛИНИЈАПред гласањето, партиите се конфронтираа околу вложувањата во училиштата (Фото: СДК.МК)

    Очигледно партиско гласање за завршните сметки на основните и средните училишта за 2023 година се случи во битолскиот Совет. Доколку директорот беше назначен откако локалната власт ја презеде ВМРО-ДПМНЕ, „за“ гласаа советниците од оваа партија и коалиционите партнери, а ако, пак, беше поставен во времето на СДСМ, тогаш за него гласаа советниците од нејзината коалиција.

    Овде е директор од СДСМ, а овде од ВМРО-ДПМНЕ, сфатив дека така гласате“, иронично кажа претседателката на Советот, Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, воочувајќи ја партиската логика на советниците.

    Во еден момент, двајца советници од ВМРО-ДПМНЕ кренаа рака за училиште чиј директор беше поставен во времето на СДСМ, па по забелешка од Илиевска да не се грешка, ја спуштија и гласаа дека се воздржани.

    Пред гласањето, партиите се конфронтираа околу вложувањата во училиштата и долговите од транспортот на учениците.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира