БИЗНИСМЕНОТ ХРИСТО КОНДОВСКИ КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА

    БИЗНИСМЕНОТ ХРИСТО КОНДОВСКИ КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛАКондовски е еден од сопствениците на СН Осигурителен брокер Битола, како и акционер во повеќе друштва. (Фото: СДК.МК)

    Бизнисменот од областа на осигурувањето Христо Кондовски ќе биде новиот кандидат за градоначалник на СДСМ во Битола за престојните локални избори. Како што рече министерот и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес конференција, „Кондовски води на сите можни анкети направени изминатите месеци во градот“.

    Кондовски е еден од сопствениците на СН Осигурителен брокер Битола, како и акционер во повеќе друштва. Оваа компанија помогна во опремувањето на неколку вакцинални пунктови, меѓу кои и оној во Битола, а додели и спонзорство од половина милион денари на фудбалскиот клуб „Пелистер“ за да ги надмине финансиските проблеми.

    Актуелната градоначалничка Наташа Петровска не успеа да се избори за втор мандат, иако до партијата имаше поднесено кандидатура. Како градоначалничка ги врати долговите на Општината, ја наполни општинста каса, го реставрира Офицерскиот дом, а во тек е реконструкција на повеќе улици низ Битола.
    На претходните локални избори во 2017, СДСМ со Петровска успеа да освои историска победа добивајќи градоначалник уште во првиот круг со освоени рекордни 31.337 гласови, а претходно никогаш немало кандидат со добиени повеќе од 30.000 гласови.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира