БОГДАНОВИЌ ЈА ПРЕРЕДУВА ПРОПАДНАТАТА КОЦКА НА ЖЕРНОВСКИ КАЈ ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН

    БОГДАНОВИЌ ЈА ПРЕРЕДУВА ПРОПАДНАТАТА КОЦКА НА ЖЕРНОВСКИ КАЈ ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАНГраѓани денеска над знакот на Општина Центар поставен на делот на улицата каде се изведуваат градежни работи поставија натпис „Уништување на улица Питу Гули“, за да им укажат на општинарите дека секоја година ја копаат улицата и никако да ја направат односно коцките веднаш пропаѓаат. (Фото:СДК.МК)

    Улицата Питу Гули која од црквата Свети Јован води кон Водно пак се реновира. Деновиве по налог на Општина Центар се санираат деловите на улицата каде коцката е пропадната иако пред една година ексградоначалникот Андреј Жерновски ја реконструираше.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека морале да интервенираат оти улицата не била квалитетно направена од минатото раководство.

    „На неколку места улицата е пропадната оти само се ставило песок па врз него се ределе коцките. Сега поставиме бетонска подлога и врз неа коцките, за да немаме вакви проблеми во иднина. Нема да платиме дополнителни средства од буџетот. Се договоривме со фирмата изведувач да го санира проблемот бидејќи минатиот пат неквалитетно е направена“, вели Богдановиќ.

    Граѓани денеска над знакот на Општина Центар поставен на делот на улицата каде се изведуваат градежни работи поставија натпис ‘Уништување на улица Питу Гули‘, за да им укажат на општинарите дека секоја година ја копаат улицата и никако да ја направат односно коцките веднаш пропаѓаат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира