БОЛНИЧАРКА ОД БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, СЕ РАЗБОЛЕЛА НАДВОР, НО ШЕСТМИНА ВРАБОТЕНИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    БОЛНИЧАРКА ОД БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, СЕ РАЗБОЛЕЛА НАДВОР, НО ШЕСТМИНА ВРАБОТЕНИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈАБолничарката се разболела надвор од установата, но била во контакт со дел од вработените, па шест лица од истото одделение се ставени во изолација. (Фото: СДК.МК)

    Болничарка вработена на Одделението за акушерство и гинекологија при Клиничката болница во Битола е позитивна на ковид-19. Таа се разболела надвор од установата, но била во контакт со дел од вработените, па шест лица од истото одделение се ставени во изолација, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорката на Болницата Билјана Гагачовска.

    На Инфективното одделение во Битолската болница утрово имаше 30 пациенти и еден сомнителен случај за кој се чекаат реузлтати. Во Битола од почетокот на пандемијата досега има околу 45 заболени, од кои до вчера беа 11 активни, а двајца починаа. Болницата како Регионален ковид-центар го зголеми капацитетот и има обезбеден простор за нови пацинети.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира