БОЛНИЦАТА ВО ШТИП ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА, ОТКАЖАНИ РЕНТГЕН СНИМАЊАТА

    БОЛНИЦАТА ВО ШТИП ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА, ОТКАЖАНИ РЕНТГЕН СНИМАЊАТАОд ЕВН Македонија потврдијат дека околу 14 часот во центарот на Штип имало испад на централна трафостаница и дека веднаш интервенирале, а дефектот е отстранет за 45 минути - Клиничката болница во Штип

    Час и половина без струја  остана Штипската болница поради дефект на трафостаница.

    Од Министерството за здравство велат дека струја снемало во 2.15 часот по што болницата веднаш пријавила во ЕВН, а електрична енергија повторно била пуштена во 3.45 часот.

    „Болницата има два агрегати, од кој едниот се користи во операционата сала, а другиот на одделението за интензивна нега. Агрегатот на интензивна нега веднаш се вклучил и таму немало никаков проблем, а во времето кога немало струја немало операција, инаку и тој агрегат работи. Останатиот дел од болницата, вклучително и делот за рентген апаратот биле без електрична енергија, поради што на пациентите кои имале закажано снимање им било јавено да не доаѓаат, бидејќи рендгенот не можел да работи“, велат од Министерството за здравство.

    Од ЕВН Македонија потврдијат дека околу 14 часот во центарот на Штип имало испад на централна трафостаница и дека веднаш интервенирале, а дефектот е отстранет за 45 минути.

    „Имаше испад на трафостаница. Центарот на градот немаше струја, но случајот е решен за 45 минути. Имаше една линија, но таа кон периферија на градот каде веднаш не беше пуштена електрична енергија, но и таму е пуштено за максимум час и половина“, велат од ЕВН.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира