БРИТАНСКАТА МИНИСТЕРКА МОРТОН ГО ПОДДРЖА ПРОЕКТОТ НА ОХРИДСКИТЕ ОСНОВЦИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД СО МИКРОБИТ

    БРИТАНСКАТА МИНИСТЕРКА МОРТОН ГО ПОДДРЖА ПРОЕКТОТ НА ОХРИДСКИТЕ ОСНОВЦИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД СО МИКРОБИТПроектот финансиран од британската влада се состои во селектирање на отпадот на пластичен и лимен, а во сето тоа главна улога има микробитот, како инструмент за одбројување на парчињата отпад. (Фото: СДК.МК)

    Учениците од основното училиште „Христо Узунов“ од Охрид, денеска пред министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство Венди Мортон ги промовираа проектите за справување со отпад за заштита на животната средина во рамките на програмата „Училишта на 21 век“, која ја спроведува Британскиот совет. Со овој проект основците со помош на алатки за кодирање – микробитови преку поттикување на критичко размислување изнаоѓаат решенија за секојдневните проблеми.

    „Училишта на 21 век“ е тригодишна програма за образование вредна 10 милиони фунти, која е дизајнирана и спроведена од Британскиот совет а финансирана од Владата на Обединетото Кралство.

    Покрај учењето вештини за критичко размислување и решавање проблеми, децата совладуваат и практични вештини за програмирање и ќе имаат можност да ги практикуваат своите вештини преку физички компјутери.

    „Училишта на 21 век“ е тригодишна програма за образование вредна 10 милиони фунти, која е дизајнирана и спроведена од Британскиот совет а финансирана од Владата на Обединетото Кралство; – Министерката Венди Мортон и директорката на ОУ „Христо Узунов“ Оливија Пирузева-Јанева. (Фото: СДК.МК)

    „Аналитичкото размислување, сложеното решавање проблеми и дигиталните вештини се сметаат за врвни вештини кога станува збор за идните работни места, а проектот има за цел да ги изгради овие вештини кај сите деца од 10-15 години во државните училишта во Северна Македонија. На овој начин, ќе се подобри квалитетот на образованието, а сите ученици ќе бидат поподготвени за иднината“, изјави министерката Мортон.

    Целта на програмата е училиштатата да бидат ориентирани и максимално фокусирани кон развојот на дигиталните вештини и компјутерската писменост на децата, а кодирањето да стане начин на размислување и логика, а не само ИТ вештина.

    „Преку едукација на наставниот кадар кој претходно посетуваше соодветни обуки како и преку примена на современ информатичко-комуникациски уред во наставата наречен микробит, се воведува инвентивност во решавање на проблемите и креативност во наставата како и предуслови на младите активно да учествуваат во дигиталното општество“, велат од ОУ „Христо Узунов“.

    „Преку овој проект се истакнува критичкото размислување како и вештините за програмирање. Проектот има за цел подигнување на свеста за селекција на отпад и негово рециклирање, што е многу важно за заштита и на животната средина и негување на ваквите навики. Проектот се состои во селектирање на отпадот, на пластичен и лимен отпад. Во сето тоа главна улога има микробитот, како инструмент за одбројување на парчињата отпад. Учениците за овој проект беа поттикнати од несовесноста на луѓето при фрлање отпад во околинта. Целта е зголемување на свеста за заштита на природната околина, која колку повеќе ја негуваш, таа толку повеќе возвраќа. Тоа учениците го истакнаа пред министерката Мортон и амбасадорката Галовеј, задоволни и возбудени од фактот дека својата работа може да ја презентираат пред нив и да бидат вреднувани со пофалби од нив“, изјави директорката на ОУ „Христо Узунов“ Оливија Пирузева-Јанева.

    Таа додаде дека е огромна честа што токму ова училиште е посетено од висока делегација од Обединетото Кралство – министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство Венди Мортон и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј. Тие беа запознаени со текот на имплементирање на овој проект во училиштето, а присуствуваа и на часот, каде учениците под раководство на професорките Горица Дуцкиновиќ и Марија Мостро, презентираа конкретен проект.

    Министерката Мортон во рамките на посетата во Охрид се сретна и со граѓанските организации кои работат на заштита на животната средина и подигање на свеста за важноста од справување со климатските промени.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира