ЧЕТИРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ФАТЕН СО 65 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА НА НАПЛАТНАТА РАМПА СТОБИ

    ЧЕТИРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ФАТЕН СО 65 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА НА НАПЛАТНАТА РАМПА СТОБИПостапката е започната против двајца обвинети, но вториот обвинет не го признал делото, па за него е раздвоена постапката.(Фото:СДК.МК)

    Скопјанецот Фуар Нуредини (38) доби 4 и пол години затвор за дистрибуција на 65 килограми марихуана. Тој го признал делото, по што е прогласен за виновен за „,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

    „Првообвинетиот Ф.Н. од Скопје, на главна расправа признал вина, па постапката спрема него е завршена така што е донесена неправосилна пресуда врз основа на признание на вина. Осуден е на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци во која казна му се засметува и времето поминато во притвор, притворот му е продолжен до започнување со издржување на казна односно до правосилност на пресуда“, соопшти судијката Сања Велевска, портпарол на Основен суд Велес.

    Постапката е започната против двајца обвинети Нуредни од Скопје и Ј.М од село Марена Кавадарци, кој бил возач во автомобилот каде е пронајдена дрогата. Дрогата е одземена и по правосилноста ќе биде уништена. Одземено е и возилото со кое дрогата се пренесувала.

    Второ обвинетиот Ј.М. не го признал делото, па за него е раздвоена постапката, заведена под нов број по кој има закажано главна расправа. Мерките на претпазливост определени од судија на претходна постапка спрема второобвинетиот Ј.М се продолжени и сѐ уште се во сила.

    Двајцата обвинети беа уапсени пролетва на 3 април во вечерните часови на наплатна рампа Стоби, на автопатот Велес – Градско. Тие биле сопрени од полициски службеници, но побегнале за да бидат запрени од САЕ „Тигри“. Во автомобилот марка „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблички биле пронајдени две црвени торби со 65 кеси, кој подоцна при вештачењето се утврдило дека е марихуана.

    П.ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира