ЧЕТИРИ СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС ДОБИЈА ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ПРОДАЖБАТА НА ЏИНОВСКАТА ПАСТРМАЛИЈА

    ЧЕТИРИ СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС ДОБИЈА ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ПРОДАЖБАТА НА ЏИНОВСКАТА ПАСТРМАЛИЈАДонацијата беше поделена кај семејство со три деца, невработена самохрана мајка и кај две лица од трето доба. (Фото: СДК.МК)

    Четири велешки социјално загрозени семејства добија хуманитарни пакети, кои се обезбедени од продажбата на џиновската пастрмалија на Велешката питијада. Пакетите се со основни прехранбени производи. Од продажбата беа собрани 3.200 денари, кои се доделија на велешкиот Црвен крст. За да може да ги наполни овие четири пакети со основните прехранбени производи, Црвениот крст додаде средства од својот буџет.

    „Средства се искористија за набавка и поделба на хуманитарни пакети за лица и семејства кои живеат во социјален ризик. На манифестацијата се донираа 3.221 денар. Од овие средства, а дополнети со сопствени, се направија четири хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти. Донацијата беше поделена кај семејство со три деца, невработена самохрана мајка и кај две лица од трето доба“, кажа Орце Николов, секретар на велешкиот Црвен крст.

    Во неделата, на манифестацијата Велешка питијада 2022 мајсторите од пекарите „Ќоше“ и „Гемиџии“ изработија пастрмалија долга четири метри за која употребија 20 кг брашно, 30 кг месо и 210 јајца.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира