ЧЕТВОРИЦА РЕНЏЕРИ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ШАР ПЛАНИНА“ САМИ ГО ИЗГАСНАА ШУМСКИОТ ПОЖАР НАД ТЕТОВСКОТО СЕЛО ЈЕЛОВЈАНЕ

    ЧЕТВОРИЦА РЕНЏЕРИ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ШАР ПЛАНИНА“ САМИ ГО ИЗГАСНАА ШУМСКИОТ ПОЖАР НАД ТЕТОВСКОТО СЕЛО ЈЕЛОВЈАНЕГорела ниска вегетација, но постоела опасност тој да се прошири и да зафати поголема површина. (Фото: НП Шар Планина)

    Вчера доцна попладне избил шумски пожар во реонот на село Јеловјане на Шар Планина. Горела ниска вегетација, но постоела опасност тој да се прошири и да зафати поголема површина. Со брза интервенција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Националниот парк (НП) „Шар Планина“ пожарот е изгаснат иако во гасењето учествувале само четворица ренџери.

    „По добиена пријава на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за пожар на отворено над село Јеловјане, на патот Шарски Води соодветно е интервенирано. Од Националниот парк ‘Шар Планина’ веднаш реагирале и интервенирале со сопствени сили, а биле во постојана комуникација со ЦУК. Регионалниот ЦУК Тетово, по известување од националниот парк, информира дека гори ниска вегетација и грмушки и дека се интервенира со тим од 4 вработени ренџери. Ренџерите од Националниот парк ‘Шар Планина’, при крајот од денот, успешно со мал тим го изгаснаа попладневниот пожар над Јеловјане на патот Шарски Води, по што лицата биле повлечени од терен“, соопшти ЦУК.

    Изминативе денови во реонот на Шар Планина беа регистрирани неколку шумски пожари од кои оној меѓу селата Бозовце и Вешала беше од поголем размер, но со брза интервенција на ЦУК и вработените од НП „Шар Планина“ брзо беа изгаснати.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира