ЧУЧАВЦИТЕ ВО НОВИОТ ПАЗАР СЕ КАКО ОД 1945, РЕЧЕ ИЛИЕВСКА И ГО ПРАША КОЊАНОВСКИ ДАЛИ ГИ КОРИСТЕЛ ВЕЦИЊАТА

    ЧУЧАВЦИТЕ ВО НОВИОТ ПАЗАР СЕ КАКО ОД 1945, РЕЧЕ ИЛИЕВСКА И ГО ПРАША КОЊАНОВСКИ ДАЛИ ГИ КОРИСТЕЛ ВЕЦИЊАТАПретседателката на битолскиот Совет Габриела Илиевска покажа фотографии од вецињата во новиот пазар. (Фото: Принтскрин од видео)

    Фотографии од преполни писоари, руинирани плочки, нечисти мијалници, преполни контејнери и смет расфрлен околу нив, од тоалетите и дворот во новиот Пазар во Битола покажа од говорница претседателката на битолскиот Совет Габриела Илиевска од независната советничка група „Поинаку“. Таа, критикувајќи дека ништо не е направено за да се подобри хигиената таму, го праша градоначалникот Тони Коњановски:

    „Градоначалник, имате видено? Ги имате користено овие вециња“, а откако тој ѝ одговори потврдно, таа иронично му рече „Браво“.

    „Дали во четири години никој не успеа да го санира ова? Ова е резил на 21 век, вака да изгледа еден градски пазар во Битола. Во изминатите 4 години апсолутно ништо не е променето. Еден чучавец кој личи како во времето од 1945-та. Како може во четири години, четири директори да имаме на ЈП ‘Пазари’? Толку не се погодија директорите или имаме друг проблем?“, рече Илиевска.

    Градоначалникот одговорајќи на советнички прашања изјави дека гондолата не е најголем проблем на Битола, туку проблем се можеби вецињата кои ги спомна претседателката на Советот.

    Претходно, на Комисијата за јавни и комунални дејности директорот на „Пазари“ Драган Џаревски рече дека инфраструрни проекти и санација во претпријатието ќе има ако се во можност со нивните финансиски средства да ги подобрат условите за работа, но дека во моментот ги немаат.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира