Нова в. д. директорка на Центар за јавно здравје во Велес е д-р Анастасија Иванова. Веста за ја потврди и самата Иванова. Таа е доктор микробиолог, вработена во оваа здравствена институција од 2012.
Последните години била началник на лабораториска дејност која се извршувала во Центарот. Тој ги покрива подрачните единици во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.
Именувањето на д-р Иванова од министерот за здравство Венко Филипче доаѓа откако тој пред десетина дена најави разрешување на претходникот директор Тони Димитриев, а по констатирани неправилности од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во Центарот, откако тројца вработени од велешкиот беа позитивни на КОВИД-19.
П. ПЕЧКОВ