ДА СЕ УКИНЕ ЛОВОТ НА ОХРИДСКАТА ПАСТРМКА ОТИ Е ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕ, ПРЕДЛАГААТ ЕКОЛОЗИТЕ ОД ОХРИД

    ДА СЕ УКИНЕ ЛОВОТ НА ОХРИДСКАТА ПАСТРМКА ОТИ Е ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕ, ПРЕДЛАГААТ ЕКОЛОЗИТЕ ОД ОХРИДЛокални рибари, ангажирани од Хидробиолошкиот иститут, ги вадат мрежите поставени претходниот ден за фаќање охридска пастрмка (Фото: Ѓ. Личовски)

    Охридската пастрмка е пред исчезнување, предупредува познатиот охридски еколог Лазо Наумовски и предлага концесионери на Езерото да бидат локалните власти на Охрид и Струга, а не фирма како што сега е случај. Наумовские автор и на книга за охридската пастрмка.

    „Состојбата со охридската пастрмка (salmo letnica karaman) во водите на Охридското Eзеро е алармантна и сериозно загрижувачка. Сѐ што е содржински напишано и за охридската пастрмка од стручен, научен и еколошки аспект од моја страна како автор на книгата, во пракса се покажа оти сум ја проговорил правата вистина за оваа ендемична риба. Посебно сакам да го нагласам петтото поглавје, и како идни концесионери на Охридското Eзеро во 2018 пожелно би било да бидат локалните власти на Охрид и Струга. Охридското Eзеро да се прогласи како природен матичњак за oхридската пастрмка за добивање рибен подмладок за порибување#, вели Наумовски.

    Toj препорачува во сливното подрачје на Охридското Eзеро, каде има услови во приватен сектор за потребите на хотелиерството и туризмот, пастрмката да се одгледува во рибници. Стопанскиот риболов целосно да се укине а да му се даде предност на спортскиот риболов поврзан со туризмот.

    „Чувањето на Езерото како идни концесионери ќе си го организираат локалните власти на Охрид и Струга со свои ангажирани луѓе и сателитска контрола на целото езеро. Благодарение на спортскиот риболов поврзан со туризмот, кое ќе го организираат локалните власти на Охрид и Струга, ќе станат економски моќни локалните самоуправи за да можат да ги решат сите економски, еколошки и туристички проблеми”, вели Наумовски.

    Д. ЧУБРИЌ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира