ДАНЕЛА РАЗРЕШИ ТРИ ДИРЕКТОРИ, ВО ЈСП ГО НАЗНАЧИ ДРАГИ КУШОВСКИ, ВО „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ МАРТИН АНГЕЛОВСКИ, А ВАНЧО УМЛЕНСКИ ВО „УЛИЦИ И ПАТИШТА“

    ДАНЕЛА РАЗРЕШИ ТРИ ДИРЕКТОРИ, ВО ЈСП ГО НАЗНАЧИ ДРАГИ КУШОВСКИ, ВО „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ МАРТИН АНГЕЛОВСКИ, А ВАНЧО УМЛЕНСКИ ВО „УЛИЦИ И ПАТИШТА“Арсовска ги разреши и директорите од т.н. огнено крило на ДУИ  кои преминаа во Вреди и сега се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката Данела Арсовска продолжува да менува директори во јавните претпријатија кои се под нејзина недлежност. Денеска се поставени нови директори во ЈСП „Скопје“, ЈП „Паркови и зеленило“ и во ЈП „Улици и патишта“.

    Во ЈСП „Скопје“ на местото на Крсте Петревски, кадар на ГРОМ, поставен е Драги Кушовски. Арсовска ги разреши и директорите од т. н. огнено крило на ДУИ кои преминаа во Коалицијата Вреди и сега се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Во „Паркови и зеленило“ на местото на Сефи Шабани, кој претходно беше секретар во Општина Сарај, назначен е Мартин Ангеловски, а во „Улици и патишта“ на местото на Ќамил Ковачи поставен е Ванчо Умленски.

    „Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите“, стои во образложението од кабинетот на Арсовска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира