ДЕЛОВНА ЗГРАДА НА ШЕСТ КАТА ИЗНИКНА ПОД СКОПСКОТО КАЛЕ, ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛАТ ДОБИЛ ДОЗВОЛА ПРЕД МОРАТОРИУМОТ

    ДЕЛОВНА ЗГРАДА НА ШЕСТ КАТА ИЗНИКНА ПОД СКОПСКОТО КАЛЕ, ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛАТ ДОБИЛ ДОЗВОЛА ПРЕД МОРАТОРИУМОТСпоред постојниот план донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, фасадата треба да биде во барок. (Фото: К. Попов)

    Деловен објект со висина од 29 метри се гради под тврдината Кале, на кејот на Вардар. Објектот е веќе дигнат во целост и ќе биде со приземје, шест ката плус поткровје. Според податоците од Општина Центар, инвеститор е фирмата „Кан конструкција“, а градежната дозвола им е издадена пред да стапи на сила мораториумот.

    „Објектот кој се гради е предвиден со Деталниот урбанистички план (ДУП) СРЦ Кале блок 2, донесен на 21 декември 2012 година. Инвеститорот поднел барање за одобрение за градба во 2016, а издадено му е во септември 2017 година, пред да се донесе одлуката за забрана за градба на територијата на Општината“, велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Според постојниот план донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ кој уште не е ревидиран, фасадата треба да биде во барок.

    Инвеститорот има рок од 10 години да го изгради објектот.

    Во Општина Центар веќе не важи мораториум за градба, откако по иницијатива на двајца охриѓани Уставниот суд го поништи на 3 март годинава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира