ДЕМОЛИРАНА УРБАНАТА ОПРЕМА НА БИТОЛСКОТО ШЕТАЛИШТЕ

    ДЕМОЛИРАНА УРБАНАТА ОПРЕМА НА БИТОЛСКОТО ШЕТАЛИШТЕПревртени се и уништени повеќе жардиниери со цвеќиња (Фото: СДК.МК)

    Вандали најверојатно доцна во ноќта ја демолирале урбаната опрема која го украсува битолското шеталиште.

    Откорнати се и корпите за отпадоци (Фото: СДК.МК)

    Превртиле и уништиле повеќе жардиниери со цвеќиња, а ги искршиле и корпите за отпадоци.

    „Каква е оваа деструктивна енергија?Да ги откорнеш корпите за отпадоци од земјата и да ги превртиш, што полза имале од тоа?“, се чудат битолчани.

    Вакви случаи на демолирање имаше и пред пет-шест години, кога вандали ја уништуваа урбаната опрема, засадените дрвца и клупите. Тогаш локалната самоуправа најави дека ќе стави и камери за да ги фатат виновниците. Потоа, работите се смирија за сега на неполна недела по промената на локалната власт повторно да се уништува.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира