ДЕПОНИЈАТА ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ СТАНА ПАРК, ЗАСАДЕНИ 520 ДРВЈА

    ДЕПОНИЈАТА ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ СТАНА ПАРК, ЗАСАДЕНИ 520 ДРВЈАВо овој парк засадено е и највисокото дрво за оваа сезона кое е високо 7.4 метрИ. (Фото: Град Скопје)

    Нови 520 нови листопадни и зимзелни дрвја се засадија во новиот парк во Мичурин, во скопската Општина Аеродром. Во овој парк засадено е и највисокото дрво за оваа сезона кое е високо 7.4 метри, а за многу кратко време дрвјата ќе формираат широки крошни и ќе придонесат за намалување на температурите во жешките месеци.

    „Оваа локација беше повеќедецениска дива депонија, од која годинава расчистивме 15.000 кубни метри отпад и подигнавме нова јавна површина на повеќе од 6.000 квадратни метри. Ја поделивме на нов парк со детско игралиште и паркинг простор кој ќе го стопанисува ЈП ‘Градски паркинг’, со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради“, рече денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

    Градоначалникот додаде дека продолжува засилениот инспекциски надзор за да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места каде што биле претходно, а секое несовесно однесување со отпадот ќе биде санкционирано. Од Град Скопје најавуваат дека ќе продолжат и во други скопски општини со подигнување нови дрвореди составени од дрвја со просечна висина од околу 5.5 метри, заради прочистување на воздухот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира