ДЕСЕТ УЧЕНИЦИ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ДЕМИР ХИСАР

    ДЕСЕТ УЧЕНИЦИ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ДЕМИР ХИСАРПовредените ученици беа пренесени во Клиничкиот центар во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Десет ученици се полесно повредени во сообраќајка на комбе и автобус на патот Демир Хисар – Кичево што се случи утринава околу 7.30 часот. Во автобусот се превезувале околу 30 ученици од ОУ „Гоце Делчев“ од Демир Хисар. Потешко повреден е возачот на комбето, кој заедно со повредените ученици бил пренесен во Клинички центар Битола.

    „Десет деца беа префрлени од местото на сообраќајната несреќа во болница. Беше извршен преглед, немале сериозни повреди и се пуштени на домашно лекување. Едниот од шоферите има фрактури на карлицата и на долните екстремитети и е задржан на лекување во болницата“, велат од Битолската болница.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари