ДЕСЕТИНА САНТИМЕТРИ ГРАД ПАДНА ВО ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА ВАРВАРА И ЛЕШОК, ИМА ГОЛЕМА ШТЕТА

    ДЕСЕТИНА САНТИМЕТРИ ГРАД ПАДНА ВО ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА ВАРВАРА И ЛЕШОК, ИМА ГОЛЕМА ШТЕТАНевремето почна нешто после 17 часот и траеше околу половина час. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево силно невреме ги зафати тетовските села Варвара и Лешок. Невремето проследено со силен дожд и град предизвика големи штети врз градините и овоштарниците во селата. Селаните се зачудени бидејќи вакво невреме не паметат ни најстарите жители на овие села.

    „Невремето почна нешто после 17 часот и траеше околу половина час. Беше страшно. Толку град да падне за така кратко време јас досега немам видено. Дворот побеле. Овде сигурно има најмалку десет сантиметри град. Еве поминаа 45 минути откако прекрати невремето, а градот уште не е истопен. Штетата е голема, Градот целосно ги отепа и бавчите и овоштарниците и дрвјата, сé. На лозницата во дворот едно листе нема останато. Градот ја побеле Варвара, ако погледнеш на улиците и во дворовите мислиш дека сме во зима, а не во лето“ вели жител на Варвара.

    Невремето го зафати и соседеното село Лешок. И тука наврнале неколку сантиметри град кој и во ова село предизвикал голема штета врз градинарските и овошните култури.

    З. АНДОНОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари