ДЕСЕТМИНА РАБОТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ НА ГРАДИЛИШТЕ ВО КУМАНОВО

    ДЕСЕТМИНА РАБОТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ НА ГРАДИЛИШТЕ ВО КУМАНОВОСВР Куманово најави повеќе детали во текот на денот (Фото: СДК.МК)

    Десетмина работници претпладнево се повредени на градилиште во Куманово. Двајца од нив се во критична состојба и се пренесени на лекување на клиниките во Скопје.

    „Кај нас се донесени повредени десетмина градежни работници. Двајца пациенти се во критична состојба, еден е донесен во бессознание, а на другиот тука му слошило. Тие се префрлени во Ургентниот центар на Скопските клиники. На останатите пациенти им се прават иследувања, но сите се во стабилни состојба и задржани се во дневната болница“, изјави директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева.

    Од СВР Куманово ја потврдија несреќата и најавија повеќе детали во текот на денот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира