ДЕЦА ОД ВЕЛЕС БЕА НА ВОЗДУШНА БАЊА НА КОЖУВ, ДРЖАВАТА ЧЕТВРТА ГОДИНА НЕ ГО ПОМАГА ПРОЕКТОТ ЗА КЛИМАТСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

    ДЕЦА ОД ВЕЛЕС БЕА НА ВОЗДУШНА БАЊА НА КОЖУВ, ДРЖАВАТА ЧЕТВРТА ГОДИНА НЕ ГО ПОМАГА ПРОЕКТОТ ЗА КЛИМАТСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈАЕдукативниот камп „Климатска рехабилитација”, на планината Кожуф, во детското одморалиште Михајлово беше финансиски помогнат од Општина Велес, а децата заминаа со кофинасирање од страна на родителите.(Фото: СДК.МК)

    По осумнаесетти пат летово  велешките деца  беа на климатска рехабилитација, овој пат во Михајлово, на Кожуф. Иако државата повеќе не помага во здравствената рехабилитација на децата, триесетина деца седум дена уживаа во здравата животна средина.

    „Престојот на планина, како воздушна бања е од исклучително значење за превенција од респираторни заболувања и позитивно влијае на општото здравје кај децата“ кажа Иванка Андова,  претседател на Здружението „Друштвото на родители за грижа за здраво поколение” (ДРГЗП), од Велес кое е организатор на рехабилитацијата.

    Четврта година по ред, државата, преку Министерството за животна средина не ја финансира климатската рехабилитација на децата од загадените животни средни. Поради тоа наместо по 300 деца во две смени, сега заминуваат далеку помалку. Велешките деца имаа нарушено здравје како последица од тридецениското работење на Топилницата за олово и цинк. На рехабилитација одеа и децата од  загадени подрачја Осломеј, Миладиновци и Тетово.

    Едукативниот камп „Климатска рехабилитација”, на планината Кожуф, во детското одморалиште Михајлово беше финансиски помогнат од Општина Велес, а децата заминаа со кофинасирање од страна на родителите.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари