ДЕВЕТ ОЏАЦИ И ЕДНА КУЌА СЕ ЗАПАЛИЛЕ ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР ВО СКОПЈЕ

    ДЕВЕТ ОЏАЦИ И ЕДНА КУЌА СЕ ЗАПАЛИЛЕ ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР ВО СКОПЈЕОд ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека синоќа имале пријави зa 8 паднати дрвја и еден билборд, во невремето со ветер од 70 км на час. (Фото: Паркови и зеленило)

    Девет оџаци и една куќа синоќа се запалиле во Скопје од силниот ветер што дуваше со 70 километри на час. Од Бригата за противпожарна заштита велат дека станува збор за неисчистени оџаци, па затоа дошло до пожарот.

    „Бидејќи оџаците биле неисчистени ветерот го враќал чадот кој излегува од нив, при што во такви ситуации доаѓа до пожар. Од пожар во оџакот се запали и една куќа. Апелираме до граѓаните пред почеток на зимската сезона да ги чистат оџаците за што Град Скопје доделува субвенции од 1.200 денари, вели командантот на Пожарната Владимир Симоновски.

    Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека синоќа имале пријави зa 8 паднати дрвја и еден билборд. На сите локации е интервенирано. Општина Ѓорче Петров соопшти дека силниот ветер го откорна покривот на основното училиште „Тихомир Милошевски“ во Ново Село.

    Од силниот ветер синоќа без струја останаа и делови на Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира