ДО ЛЕТО УЛИЦАТА ОД КАСАРНАТА ИЛИНДЕН ДО МОМИН ПОТОК ВО СКОПЈЕ ЌЕ СТАНЕ БУЛЕВАР, КАЖА ШИЛЕГОВ

    ДО ЛЕТО УЛИЦАТА ОД КАСАРНАТА ИЛИНДЕН ДО МОМИН ПОТОК ВО СКОПЈЕ ЌЕ СТАНЕ БУЛЕВАР, КАЖА ШИЛЕГОВНа улицата Никола Карев се предвидува изведба на потпорен ѕид во должина од 690 метри. (Фото: Град Скопје)

    До лето улицата Никола Карев на потегот од крстосницата кај касарната Илинден до Момин поток во Скопје ќе стане булевар. Град Скопје денеска почна со проширување на улицата со што ќе добие четири коловозни ленти, по две во двата правци, велосипедска и пешачка патека.

    „Се работи за исклучително фреквентна сообраќајница која е најмногу искористена од жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница ја користат и оние кои само минуваат низ овој дел градот. На улицата Никола Карев, во оваа втора фаза од реконструкцијата, дополнително се предвидува изведба на нова атмосферска канализација, изведба на потпорен ѕид во должина од 690 метри и ново лед осветлување од двете страни. Реконструкцијата на оваа улица ќе се искористи и за замена на дел од старата и поставување на нова подземна инфраструктура онаму каде што е потребно од страна на различни субјекти, за да се избегне прекопување на новиот асфалт по завршувањето на реконструкцијата”, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Изградбата на булеварот чини 2,6 милиони евра, а како што кажа Шилегов градежните работи ќе завршат за 6 месеци. Пролетва Град Скопје заврши со реконструкција на улицата на потегот од Бит пазар до касарната Илинден.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира