ДОДЕКА МАШИНОВОЗАЧИТЕ ШТРАЈКУВАА ЗА НЕИСПЛАТЕНАТА ПЛАТА ЗА ЈУЛИ СИТЕ ВОЗОВИ МИРУВАА, САМО НОВИОТ ГРАДСКИ ВОЗ ЗА ЗЕЛЕНИКОВО НЕПРЕЧЕНО СООБРАЌАШЕ

    ДОДЕКА МАШИНОВОЗАЧИТЕ ШТРАЈКУВАА ЗА НЕИСПЛАТЕНАТА ПЛАТА ЗА ЈУЛИ СИТЕ ВОЗОВИ МИРУВАА, САМО НОВИОТ ГРАДСКИ ВОЗ ЗА ЗЕЛЕНИКОВО НЕПРЕЧЕНО СООБРАЌАШЕГрадскиот воз од Скопје до Зелениково започна да сообраќа со патници од 1 септември, а официјалното свечено пуштање со возење на државното раководство беше на 2 септември. (Фото: К. Попов)

    Железничкиот сообраќај во Македонија на 31 август попладне од 17 часот беше во прекин до 1 септември до 16ч, поради штрајкот на машиновозачите кои бараа исплата на платата за јули. И оние малку патници кои ги користат услугите на Македонски железници (МЖ) беа изненадени што овој период нема возови.

    „Со утринскиот воз од Битола требаше да отпатувам за Скопје, но воз немаше. На железничка станица Велес ни кажаа дека протестирале машиновозачите, барале исплата на плата. Подоцна видов со снимка по медиумите дека тој ден започнал да сообраќа новиот воз од Скопје до Зелениково и обратно. И сега се прашувам зошто машиновозачите за една линија возат, а за другите штрајкуваат. Ако е штрајк штрајк е за сите правци“, вели велешанец кој на 1 септември околу 7,30 часот се подготвувал да отпатува за Скопје со воз.

    „Тоа не беше штрајк, туку како бојкот ненајавен. Имаше разговор со раководството за исплата на платите и се најде решение. Платата беше пуштена, вториот дел за јули, возовите тргнаа“, кажа член на Независниот синдикат кој не е овластаен за изјави во јавноста. Нема официјален одгвоор зошто сообраќаше „градскиот воз“ а другите возови не.

    Градскиот воз од Скопје до Зелениково започна да сообраќа со патници од 1 септември, а официјалното свечено пуштање со возење на државното раководство беше на 2 септември. Картата чини 40 денари, а повратен билет е 70 денари. Возниот ред предвидува да има по 9 поаѓање од Зелениково и од Транспортен центар, а патувањето да трае од 24 до 28 минути.

    Намалениот број на железнички линии, нередовноста, доцнењето на возовите се дел од причините поради кои минатата година со железницата во Македонија биле превезени 177.775 патници наспроти 237.648 во 2024, што е најмала бројка од расположливте податоци на Државниот завод на статистиика од 2011, кога имало 1.421.403 патници. Исклучок е 2015 кога имаше егоздус на мигранти до Блискиот Исток, па низ Македонија минаа над 1.022.274 патници. Од нив таа година од Гевгелија биле превезени 436 илјади патници, а од железничка станица Велес 220 илјади.

    Искуствата на патниците со железница, кои ги има се помалку, се лоши и болни.

    „Патувањето е како авантура, не знаеш кога возот ќе дојде, дали ќе дојде, колку време ќе патуваш и дали ќе стасаш воопшто“, вели велешанец кој е поранешен патник на железница.

    Илустрација за состојбата со возовите е и реакцијата на патничка од 2 август годинава.

    „На 2 август бевме кумови на манастирот ‘Свети Илија’ во Карабуниште, Велешко. Кога се враќавме попладнето го чекавме возот три часа. На постојката Пчиња бевме 15 души, меѓу нив дете со посебни потреби, бремена жена во 7 месец. Имаше и други мали деца на 4, 8, 10 и 13 години. Наместо во 17,30 стигна во 20,30ч. Срамота за железница“, кажа патничката.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира