Утрово дојави за поставени бомби стигнале во три основни училишта во Скопје и во едно од Крива Паланка. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи направени се сите потребни проверки во училиштата во скопско и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
„Околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.
Во тек се проверките во училиштето во Крива Паланка.
Вчера за првпат покрај во средните училиште пријава за бомба стигна и во две основни школи, а по проверките се утврди дека се лажни. Денеска за прв пат дојава е регистрирана во друг град.
А. АНТЕВСКА