ДОЈРАН СО ВОДА ОД ЦИСТЕРНИ ОТИ СЕ РАСИПА ПУМПНАТА СТАНИЦА

    ДОЈРАН СО ВОДА ОД ЦИСТЕРНИ ОТИ СЕ РАСИПА ПУМПНАТА СТАНИЦАПрекинот со водоснабдувањето на Стар Дојран поради дефектот на пумпната станица во бунарското подрачје Деребаш, а веќе 24 часа вода се дистрибуира со цистерни (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од 24 часа Стар Дојран е без вода, а жителите и гостите во ова туристичко место реагираат по социјалните мрежи и дека состојбата станува алармантна. Прекинот со водоснабдувањето на Стар Дојран поради дефектот на пумпната станица во бунарското подрачје Деребаш. Општинската власт преку јавното претпријатие „Комуналец Полин“ врши дотур на техничка вода со цистерни лоцирани на повеќе места, а една се движи постојано низ повисоките улици на Стар Дојран.

    „Во текот на вчерашниот ден се случи голем дефект на станицата во Деребаш. Се расипа моторот на пумпната станица која врши дотур на вода до сите објекти. Успеавме да го замениме моторот. Се прават максимални напори да се стави во функција системот. Се надеваме дека преку ноќта ќе се санира дефектот за да може утре Стар Дојран да добие вода. Од таа причина поставивме цистерни со техничка вода“, вели градоначалникот Анго Ангов.

    Работите, како што кажаа од „Комуналец Полин“, одат бавно поради лошата конфигурација на теренот и се работи без механизација. Најавија дека интензивно се работи на длабочина од 50-на метри за да системот се оспособи и да протече питка вода во текот на утрешниот ден.

    В. ТРАЈКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари