ДОВЕРИТЕЛИТЕ ЕДНОГЛАСНО ПРИФАТИЈА СТРУМИЧКА ФИРМА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ФАБРИКАТА ЗА ШИНСКИ ВОЗИЛА „КОЛСКА“ ОД ВЕЛЕС ЗА ДА НЕ ОДИ ВО СТЕЧАЈ

    ДОВЕРИТЕЛИТЕ ЕДНОГЛАСНО ПРИФАТИЈА СТРУМИЧКА ФИРМА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ФАБРИКАТА ЗА ШИНСКИ ВОЗИЛА „КОЛСКА“ ОД ВЕЛЕС ЗА ДА НЕ ОДИ ВО СТЕЧАЈВо „Колска“ моментално има 43 вработени, а се врши поправка на товарни и патнички вагони на Железницата или фирми кои ги користат железничките услуги. (Фото: СДК.МК)

    Фирмата „Трени балкани Македонија“ од Босилово, Струмичко, заедно со италијанска и албанска фирма треба да работат со фабриката за шински возила „Колска“ во Велес. Доверителите на „Колска“ ја прифатија програмата за реорганизација, со што „Трени балкани“ од Босилево како санатор ќе управува со неа откако ќе звршат правните рокови. Рочиштето за одлучување по предлогот и гласање за планот за реорганизација изготвен од должникот беше донесено на Собранието на доверителите. Стечејното рочиште се одржа во Основен суд Велес, а стечаен судија беше Дара Арсова.

    Најголем доверител со преку 51 отсто од побаравуњата е Управата за јавни приходи (УЈП) со 83 отсто и гласот на нивниот претставник беше решавачки за иднината на „Колска“, а беше поддржан и од сите останатати присутни, меѓу кои поголеми доверители се Македонски железници, „Техно гас“ и ЈКП „Дервен“.

    „Присутни беа 96 отсто од доверители со утврдени побарување, одлуката од присутните  ја донесоа  едногласно. По ова судот треба да донесе решение, по што во рок од осум дена некоја од засегнатите страни има право на приговор. Потоа станува правосилно, по што течат роковите за реализација на планот за реогранизација“, кажа стечајниот управник Димитар Аџиев.

    Во „Колска“ моментално има 43 вработени. Во фабриката се врши поправка на товарни и патнички вагони на Железница или фирми кои ги користат железничките услуги.

    „Очекуваме дека новиот сопственик ќе ги реализира ветените обврски кон фирмата, ќе инвестира, ќе го одржи бројот на вработени и ќе го зголеми, ќе ги исплати преземените долгови и ќе ја задржи на дејноста на фабриката“, кажа Тони Арсовски, претседател на синдикалната организација во „Колска“.

    Партнери на „Трени балкани Македонија“ од Босилово се фабриката „Ситав“ од Италија и „Трени балкани“ од Албанија. Долгот кој „Колска“ го има кон доверителите е 1,4 милиони евра.

    „Прифативме да ги преземеме долговите до 31 октомври 2024. Кажав дека ги прифаќам и долговите од 1 ноември 2024 до денот на рочиштето, 19 март 2025.  Сите тие ќе бидат подмирени од наша страна. Имаме рок од три години да го платиме долгот според планот за реорганизација. Ни треба помош од вработените, ќе побарам и од пензиониерите да помогнат во образување на нови кадри. Ќе биде многу тешко, најтешко е да се најдат работници. Ќе ги зголемиме платите. Од училиштата ќе бараме да создаваат ученици со профили потребни за нас. Со планот за работа е предвидено во следните три години да вложиме 10 милиони евра за набавка на нова опрема и модернизцција на ‘Колска’ и вработување на стотина работници“, рече Ѓорѓи Трајанов, сопственик на фирмата „Трени балкани Македонија“.

    Фабриката за шински возила „Велес“ е меѓу најстарите на Балканот, изградена во 1916 од Германците во периодот на Првата светска војна. Во тоа време била работилница, ја изградиле за нивни потреби, за поправка на возовите кои сообраќале кон Солун и Лерин. Таа денес ги поправа товарните и патничките вагони на Македонски железници, но и на приватни компании.

     П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира