ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ АСАНОВ КОЈ ЈА ГРАБНА И ЈА УБИ СОСЕТКАТА И ЈА ЗАКОПА ВО ДВОРОТ БЕЗ ГЛАВА И НОЗЕ

    ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ АСАНОВ КОЈ ЈА ГРАБНА И ЈА УБИ СОСЕТКАТА И ЈА ЗАКОПА ВО ДВОРОТ БЕЗ ГЛАВА И НОЗЕСпоред обдукцијата, убиената жена имала 8 скршени ребра, а на телото недостасувале главата и двете нозе кои до денес не се пронајдени. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд во Штип денеска неправосилно го осуди на доживотен затвор Денис Асанов (75), кој со умисла ја усмрти сосетката Борјанка Николова (79) откако претходно ја киднапирал, а потоа измасакрирал и ја закопал во дворот. Пет дена по исчезнувањето на Николова на 24 октомври 2025, нејзината сестра го пријавила случајот во полицијата, која со судска наредба го најде телото закопано во дворот од куќата на Асанов.

    Според обдукцијата, убиената жена имала 8 скршени ребра, а на телото недостасувале главата и двете нозе кои до денес не се пронајдени.

    За време на судењето, Асанов имаше различни искази, тврдејќи дека не знаел каде завршила жената оти таа му ги украла парите, па заминала од неговиот дом. Подоцна, Асанов имаше исказ дека не знаел што се случило со жената затоа што бил фатен од двајца кои го врзале и му ја покриле главата и поради тоа ништо повеќе не видел и не знаел што потоа се случувало.

    Но, врз основа на искажувањата на сведоците, од приложените наоди од вештачењето и доказите на вештите лица, судот ја донесе конечната пресуда за доживотен затвор. Бранителот на Асанов најави жалба на првостепената пресуда.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира