ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА СТРУМИЧКИОТ УБИЕЦ КОЈ ЖРТВИТЕ ГИ ФРЛИ ВО БРАНАТА ТУРИЈА

    ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА СТРУМИЧКИОТ УБИЕЦ КОЈ ЖРТВИТЕ ГИ ФРЛИ ВО БРАНАТА ТУРИЈАМарјанчо Велев од струмичко Добрејци пред две години го убил Александар Мицев и го фрлил во браната Турија, каде ја фрлил и втората жртва Ристо Иљашев, за што во февраури годинава беше осуден 20 години затвор. (Фото: СДК.МК)

    Марјанчо Велев од струмичко Добрејци е осуден на доживотен затвор за убиството на Александар Мицев пред две години, а телото беше пронајдено лани во резервоар во водите на браната Турија каде Велев ја фрлил и втората жртва Ристо Иљашев, за што во февруари годинава беше осуден 20 години затвор. Според обвинението,  Велев на 9 октомври во 2018 со огнено оружје пукал во главата на Мицев, по што телото го ставил во резервоар и го фрлил во браната Турија. Причина за убиството била наводна исплата на пари од купопродажен договор.

    „Јавното обвинителство е задоволно од изречената пресуда доживотен затвор. Обвинетиот има право на жалба на пресудата во рок од 15 дена“, рече јавната обвинителка Виолета Милчовска.

    Телото на Мицев, по кое полицијата трагаше повеќе од една година, беше пронајдено лани во август во водите на брана Турија, два месеца откако во буре беше пронајдено телото на Ристо Иљашев кој исчезна лани во мај. Велев во двете судски рочишта ги отфрлуваше обвиненијата и тврдеше дека е невин.

    Обвинетиот, кој ја издржува првата казна од 20 години затвор за убиството на Иљашев, за втората неправосилна пресуда има право на жалба до Апелациониот суд.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира