ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА НА ЗГРАДИ НА „ЛИМАК“ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ДАДОВМЕ ОТИ ПОСТАПКАТА БЕШЕ ПОЧНАТА ПРЕД МОРАТОРИУМОТ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌ

    ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА НА ЗГРАДИ НА „ЛИМАК“ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ДАДОВМЕ ОТИ ПОСТАПКАТА БЕШЕ ПОЧНАТА ПРЕД МОРАТОРИУМОТ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌБогдановиќ кажа дека за објектите на Јужен булевар дадени се три вида на одобренија за градба. Првото одобрение за градба е издадено 10 мај 2016 година од неговиот претходник Андреј Жерновски, тоа е за објектите кои веќе сега се градат над Јужен булевар. Второто одобрение која ја опфаќа соседната парцела постапка е почната на 19 декември 2017 година, пред да биде на сила мораториумот, а градежната дозвола е дадена на 15 август 2018 година. - Од отпочнувањето на градежните работи за изградба на подземната сообраќајница на Јужен булевар (Фото: СДК. МК)

    Откако прогласи мораториум, Општина Центар има издадено 21 одобрение за нови градби. Како што кажа градоначалникот Саша Богдановиќ 13 одобренија се издадени бидејќи постапката за барање за одобрение за градење била почната пред да стапи на сила мораториумот, а меѓу нив е и одобрение за изградба на комплексот на „Лимак“ на Јужен булевар. Останатите 8 одобренија се дадени за Детални урбанистички планови за кои не важи мораториумот и тоа ДУП Градска четврт Ј07 кој опфаќа дел од Капиштец и Водно, ДУП Француски гробишта и ДУП Дуќанџик.

    „Одлуката за мораториумот беше донесена на 27.12.2007 година. Под неизвршување на планови влегуваат сите оние нови постапки, поднесување основен проект, плаќање комуналии. Имаме затекнати постапки кои се почнати пред моето доаѓање, но и години пред 2017. Имате одлука за одобрение на градба во 2016 година, а се реализира сега оти имало судска постапка која траела. Овие нови градби се со такви издадени решенија, односно не влегуваат под мораториумот. Одобренија се дадени и за адаптација, пренамена, реконструкција, доградба и надградба и инфраструктурни одобренија. Во оваа категорија се вкупно 52 одобренија“, вели Богдановиќ.

    Богдановиќ кажа дека за објектите на Јужен булевар дадени се три вида на одобренија за градба. Првото одобрение за градба е издадено 10 мај 2016 година од неговиот претходник Андреј Жерновски, тоа е за објектите кои веќе сега се градат над Јужен булевар. Второто одобрение која ја опфаќа соседната парцела постапка е почната на 19 декември 2017 година, пред да биде на сила мораториумот, а градежната дозвола е дадена на 15 август 2018 година. Третото одобрение за подземната сообраќајница ја издал Град Скопје.

    На просторот кај паркингот на „Холидеј ин“ Богдановиќ вели дека досега за ниту една парцела која е во приватна сопственост нема издадено дозвола за градба.

    „Тој план се работи, шеесеткатници таму нема да има. Таму има имот во приватна сопственост, дел од луѓето имаат куќи и не можат да си го реализираат прашањето, оти долги години не е донесен планот. Мое мислење е дека треба да се даде развој на тоа место, но нормален и контролиран, не 60 катници. Да биде нешто нормално, да не бидат четири или пет згради, да бидат две или три. Да се почитуваат правилата според новиот закон за потреба од зеленило“, рече Богдановиќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира