ДРВО ПАДНА ОД СИЛЕН ВЕТЕР И ПОВРЕДИ 88-ГОДИШНА ЖЕНА ВО ПАРК ВО СКОПСКО КОЗЛЕ

    ДРВО ПАДНА ОД СИЛЕН ВЕТЕР И ПОВРЕДИ 88-ГОДИШНА ЖЕНА ВО ПАРК ВО СКОПСКО КОЗЛЕЖената беше во свесна состојба, со мала повреда на раката и сите кои беа во паркот и игралиштето за деца веднаш ѝ помогнаа. (Фото: СДК.МК)

    Дрво падна врз 88-годишна жена во паркот на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Козле. Дрвото се скршило од силниот ветер и според очевидците, за една секунда се срушило врз жената.

    Жената беше во свесна состојба, со мала повреда на раката и сите кои беа во паркот и игралиштето за деца веднаш ѝ помогнаа.
    За брзо време дојде екипа на Брзата помош и ѝ пружи помош на повредената жена.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира