ДУЌАНЏИИТЕ ОД ЧАРШИЈА И ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА ДА НЕ ФРЛААТ ЃУБРЕ КАЈ ЌЕ СТИГНАТ, АПЕЛИРААТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

    ДУЌАНЏИИТЕ ОД ЧАРШИЈА И ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА ДА НЕ ФРЛААТ ЃУБРЕ КАЈ ЌЕ СТИГНАТ, АПЕЛИРААТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“Во текот на изминатата недела, екопатрола спроведе едукативни активности за правилно постапување со отпадот со сопствениците на дуќаните и угостителските објекти во Чаршијата и на Пластичарската улица. (Фото: Комунална хигиена)

    Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ ги предупреди дуќанџиите во старата скопска чаршија и на т.н. Пластичарска улица да не го фрлаат ѓубрето кај ќе стигнат. Од претпријатието велат дека секојдневно се соочуваат со неправилно одлагање на отпадот од пакувања и остатоци од храна, како и непочитување на наведените термини за одлагање на отпадот во Старата скопска чаршија и на булеварот Никола Карев.

    „Во текот на изминатата недела, екопатрола спроведе едукативни активности за правилно постапување со отпадот со сопствениците на дуќаните и угостителските објекти во Чаршијата и на Пластичарската улица. Дуќанџиите беа информирани за Законот за јавна чистота и едуцирани како правилно да го исфрлаат својот отпад, додека угостителите за правилното третирање на отпадот од храна, со цел да се избегне создавањето на исцедоци и ширењето заразни болести“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

    Од таму додаваат дека ако и покрај предупредувањата дуќанџиите продолжат со фрлање ѓубре ќе ги казнуваат.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари