ДВА ТОНА ХРАНА ДОБИЈА СТО СИРОМАШНИ СЕМЕЈСТВА ВО СТРУМИЦА

    ДВА ТОНА ХРАНА ДОБИЈА СТО СИРОМАШНИ СЕМЕЈСТВА ВО СТРУМИЦАПакетите ги додели Банката за храна во соработка со Општина Струмица и Организацијата на жени, кои годишно спроведуваат неколку такви акции за да им се помогне на семејствата кои живеат под прагот на сиромаштијата (Фото: СДК.МК)

    Стотина социјално загрозени и сиромашни семејства од струмичкиот регион добија прехрамбени пакети за да можат колку-толку да ги поминат  престојните празници. Речиси два тона разновидни прехранбени артикли, овошје и зеленчук беа доделени на домакинства без никакви примања кои едвај врзуваат крај со крај. Пакетите ги додели Банката за храна во соработка со Општина Струмица и Организацијата на жени, кои годишно спроведуваат неколку такви акции за да им се помогне на семејствата кои живеат под прагот на сиромаштијата.

    „Ситуацијата во земјава не е многу розова за да може секој од граѓаните си дозволат новогодишна и божиќна трпеза. Доделивме два тона со храна, надевајки се дека ќе им помогнеме на овие семејства колку-толку за празниците. Но дефинтитивно треба да се најде системско решение во кое ќе бидат вклучени и Владата и општините и бизнис секторот, оти  голем дел од храната на која истекува рокот се фрла по депонии“, кажа Душко Христов од Банката за храна според кого, во земјава околу 22 илјади домаќинства или 80 илјади  жители живеат под прагот на сиромаштијата, а Банката годинава добила и доделила 100 тони храна.

    Пакетите ги делеше Коста Јаневски, градоначалникот на Струмица која е единствената општина во земјава што во својот буџет веќе пет години  планира средства за набавка на прехранбени празнични пакети за социјално загрозени и сиромашни семејства преку Банката за храна и Организацијата на  жени.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира