Од досега добиените резултати, од 208 тестирани вработени во модна конфекција во Свети Николе 19 лица биле позитивни на ковид-19, а имало и шест други случаи на граѓани од Општината, соопшти Центарот за јавно здравје Велес, подрачна единица Свети Николе. До вчера, од оваа конфекција имаше 15 позитивни, а со новите 19 сега се 34, додека вкупно позитивни во Општината Свети Николе се 79. Фабриката од денеска времено престанеа со работа, а останатите 630 вработени ќе бидат тестирани.
„Државниот здравствен и санитарен инспекторат е во постојан контакт со Центарот за јавно здравје Велес, иако како кластер конфекцијата е времено затворена, је следиме состојбата со оглед на тоа што таму има организиран превоз на текстилни работнички“, рече директорката на Инспекторато д-р Ирина Сотирова-Бухова.
Трет случај на позитивен на ковид-19 се јави и во голема странска фабрика близу Кавадарци.
„Маж на возраст од 55 години од Кавадарци, е нов случај во оваа странска компанија. Тој е на домашно лекување“, кажа Центарот за јавно здравје Велес, подрачна единица Кавадарци.
Во Кавадарци има 16 активни случаи на лица со коронавирус.
П. ПЕЧКОВ