Двајцата новозаболени битолчани од КОВИД-19 кои се евидентиурани во денешниот здравствен билтен, се членови на потесното семејство на 63-годишниот битолчанец кој почина од коронавирус, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министетството за здравство. Битолчанецот починал на 4 мај во Клиничката болница во Битола неполн час по приемот, а посмртно кај него било потврдено дека е позитивен на вирусот.
Бил хоспитализиран со пневмонија, но за многу кратко време починал на Интерното одделение, па му бил земен брис кој потврдил дека бил заразен од коронавирус. По ова, двајца членови од неговото семејство уште завчера биле тестирани на КОВИД-19, а денес излегоа резултатите дека се позитивни.
Од зврадвствените работници во болницата никој не отиде во самоизолација зашто, како што соопштија од Министерството за здравство, персоналот кој бил во контакт со болниот бил со соодветна заштитна опрема. Воедно, болниот бил примен во одделна соба и немал контакт со други пациенти.
Ж. ЗДРАВКОВСКА