ДВЕ ФИРМИ КОИ РАБОТАТ ОПШТИНСКИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО ВЕЛЕС КАЗНЕТИ ОТИ ДОЦНАТ

    ДВЕ ФИРМИ КОИ РАБОТАТ ОПШТИНСКИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО ВЕЛЕС КАЗНЕТИ ОТИ ДОЦНАТКазнети се фирмите кои го прават затворениот пазар и улицата Димче Мирчев. (Фото: СДК.МК)

    Казнети се две градежни фирми кои работат општински проекти во Велес. На забелешките од опозицијата дека локалната власт со години премногу толерантно се однесува кон градежните фирми кои доцнат со градежните работи, градоначалникот Марко Колев објави два примера за фирми кои биле казнети во текот на 2022.

    „Градежната фирма ‘Дон хаус‘ достави гаранција за изградба на улицата Димче Мирчев, но не ја реализира и е ставена на негативна листа на изведувачи. Таа сега не може да конкурира на јавни набавки. Втората е битолската ‘Бауер БГ‘ која е казнета со 5 отсто од инвестицијата. Казната е колку што предвидува законот, затоа што премногу ја задоцни изградбата на првиот дел од покриениот Градски пазар. Ако беше до мене ќе ја казнев и многу повеќе, но толку е предвидено да биде казната“, кажа градоначалникот Колев.

    Покриениот пазар од Велес започна да се гради во април 2021 со ветување дека ќе заврши до крајот на април. Но, поради доцнење на работите започна со работа на 6 мај 2022.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира