ДВОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ ЌЕ СТАНЕ НОВ ПАРК ВО КАРПОШ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВ

    ДВОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ ЌЕ СТАНЕ НОВ ПАРК ВО КАРПОШ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВВо рамките на паркот ќе има и спортски терени за мал фудбал, кошарка и ракомет, фитнес зона како и детско игралиште.(Фото: Општина Карпош)

    Дворот на основното училиште „Лазо Трповски“ во населбата Карпош 3 ќе стане парк со површина од 11.000 метри квадратни. Општина Карпош деновиве започна со градежни работи за уредување на овој простор во спортско-рекреативен парк, каде како што вели градоначалникот Стефан Богоев, доминантно ќе биде зеленилото.

    Според проектот на целиот простор ќе се засади нова треба и висококвалитетни дрвја, ќе биде поставен систем за полевање капка по капка, како и комплетно нова урбана опрема. Во рамките на паркот ќе има и спортски терени за мал фудбал, кошарка и ракомет, фитнес зона како и детско игралиште.

    „Оваа површина, која е дел од училишниот двор, во делот покрај булевар Илинден повеќе години делуваше запуштено. Граѓаните од овој дел на Карпош имаа потреба од содржини за спорт и рекреација, а изборот на спортски игралишта се направи и во консултација со нив. Општината продолжува да инвестира во подигнување на нови зелени површини“, рече градоначалникот Богоев.

    На кејот во Карпош 4, кај скејт паркот во моментов се работи на изградба и на адреналинскиот парк, а Град Скопје на потегот од депонијата која што се запали кај хотелот „Александар Палас“ до Карпош 4, работи на подигнување на трет дел од Градски парк.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира