ЕДЕН КАМИОН ЃУБРЕ СОБРАН ОД БРЕГОТ КАЈ ЉУБАНИШТА, НО РЕКАТА ЧЕРАВА ПАК ТРУПА ОТПАД

    ЕДЕН КАМИОН ЃУБРЕ СОБРАН ОД БРЕГОТ КАЈ ЉУБАНИШТА, НО РЕКАТА ЧЕРАВА ПАК ТРУПА ОТПАДАкцијата на чистење ќе продолжи и наредните денови (Фото: СДК.МК)

    Екипите на „Охридски комуналец“ за два дена подигнаа еден полн камион со ѓубре од брегот кај Љубаништа, но реката Черава во Албанија пак трупа отпад.

    „Веднаш откако видовме дека на брегот кај Љубаништа има поголеми количини на ѓубре, упативме наши екипи. Подигнавме околу четири кубни метри отпад, но акцијата на чистење ќе продолжи и наредните денови. Проблем е реката Черава во Албанија, која поради високиот водостој го собира сето ѓубре од нејзиниот брег и го носи во Охридското Езеро”, ни изјави директорот на „Охридски комуналец” Љупчо Грданоски.

    На појавата на ѓубре на брегот кај Љубаништа реагираа и од невладината организација „Охрид СОС“, апелирајќи да се заштити овој дел на Езерото.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира